ЗА НАС

Приказна за традиција, истрајност и живот во срцето на Галичник

Веруваме во квалитет

Традиција,
Престој, Незаборавно искуство и гостопримство

 

ОД 1996

Нашата приказна

„Приказната на „БАБА И ДЕДЕ” започнува во 1996-та година, кога баба Борка и дедо Павле ја отвораат скромната гостилница „Фил-Марк”. Како постојани жители на Галичник, од 1990-та година, работат соочувајќи се со  различни предизвици. Во 2015-та година нивните внуци започнуваат со ребрендирање во денешното „БАБА И ДЕДЕ” во чест на основачите на оваа гостилница, кои беа единствени жители на Галичник цели 20 години.
Она што нè издвојува е нашата истрајност да работиме преку целата година, дури и кога Галичник е недостапен со автомобил поради снежните наноси.
Ја користиме есента за да се снабдиме со потребните намирници, но и да ги приготвиме зимските локални специјалитети така што ќе бидеме спремни за зимските ентузијасти кои сакаат да ја почувствуваат зимската атмосфера во Галичник.“

Патот до галичник

Патување што остава без здив

 

Почит и внимание од светските медиуми

Исечоци од The New York Times

Што велат нашите гости?

Booking.com рецензии

Tripadvisor рецензии